самојед




                                                                   
                                             Самојед


Очи

Очите на самоједот имаат форма на бадем и најчесто се црни или кафени,а поретко сини или во друга боја. Описот честопати е дефиниран како „интелигентен“.

Уши

Ушите на самоједот се дебели и покриени со крзно, исправени и во триаголна форма. Речиси секогаш се бели, но може да имаат и светло кафена нијанса, обично на врвот на ушите.

Опаш

Опашот на самоједот е особено интересен за овој тип на кучиња. Како и кај аљаскините маламути, опашот на самоједот е свиткан нагоре. За разлика од маламутите, опашот на самоједот го допира грбот. Тој не треба да биде исправен како „знаме“, туку нежно исправен или свиткан на едната страна. Во зима, самоједите спијат со опашот на носот за да си обезбедат дополнителна топлина. Речиси сите самоједи кога сакаат да се одморат, го пуштаат опашот на подот, како и кога јадат или се галат, но штом ке станат активни го кренуваат и виткаат.

Крзно

Самоједот има густо, двослојно крзно. Горниот слој е составено од долги, извиткани и прави влакна во бела боја, но може да имаат и нијанса на сиво. Овој слој го одржува основното крзно релативно чисто. Долниот слој се состои од густи, меки и кратки влакна кои ја одржуваат топлината на кучето. Долниот слој се бричи еднаш или два пати годишно, и овој процес го помага обновувањето на крзното. Ова не значи дека крзното на самоједите се обновува само во тој период; мекото крзно има наклонетост лесно да паѓа и притоа да се лепи или да лебди во воздух. Стандардниот самојед може да биде во боја на бисквит или бел, иако сосема белите не се изоставени. Мажјаците имаат поголема гушница отколку женките. Самоједите се кучиња кои имаат потреба од минимално капење, бидејќи тие и самите добро се одржуваат. Нечистотијата од нивното крзно се чисти со минимален напор, но затоа пак крзното на малите кученца е порозно и доколку тоа си игра во земја или трева, лесно се прилепува за крзното. Чешлањето на крзното е задолжително, особено кај понежните делови, позади ушињата, бидејќи тоа лесно може да се заплетка. Крзното повремено треба да се скратува, особено во пределот кај шепите. Не е препорачливо да се бричи, освен од здраствени проблеми, бидејќи самото крзно дејствува како изолатор во ладно и топло време, и ја штити кожата на кучето од изгореници. Особено интересна карактеристика за овој вид на кучиња е дека тие не поседуваат никаков мирис на кучиња, со што чувањето на овој тип кучиња во домовите е дополнително олеснување. Меѓутоа, доколку не се негувани или пак се затворени подолг период, самоједите се осетливи на алергии. Густото крзно на самоједите, претставува проблем во летните периоди кога температурите се значително зголемени и тогаш тие не сакаат да излегуваат надвор. Крзното претставува и инсектицид за болвите. Самоједите најчесто се бели, или во боја на бисквит, но може да бидат и во други бои.




Comments

Popular posts from this blog

златен ретривер

Хаски